Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Монако која е на програмата утре.
Зад Норис денеска заврши Шарл Леклер, миленикот на локалните фанови и возач на Ферари, додека трет беше лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри.
Солидните квалификации за Ферари ги заврши поранешниот светски шампион Луис Хамилтон со освојувањето на четвртата позиција. Актуелниот шампион Макс Верстапен утре ќе стартува од петтото место.