Македонија У21 се подготвува на „Борис Трајковски“, Зенделовски пристигнува вечерва

222

Македонската репрезентација до 21. година ги продолжува подготовките за претстојните два пријателски дуели против соодветна селекција на Косово. Веќе два дена нашите млади репрезентативци на чело со селекторот Горан Станиќ се подготвуваат во Скопје, а тренинзите ги одработуваат на теренот на стадионот на „Борис Трајковски“.

Комплексот ФФМ е преокупиран со настани од типот на куп средби на младински категории, бараж средби, и слично, па У21 националните се преселија во „Маџари“.

Од друга страна пак, единствен кој сеуште се нема приклучено во на нашиот национален тим е Адриан Зенделовски, од Олимпик, Шведска, кој што имаше клупски обврски.

Првиот контролен меч ќе биде одигран на 28 мај, со почеток во 19. часот на стадионот Фадиљ Вокри, во Приштина.

Вториот тест дуел со Косово го играме во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 31 мај со почеток во 15. часот.

ПретходноГарначо летово го напушта Олд Трафорд
СледноМохамед Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата