Ненад Монев од Работнички дел од „идни фудбалски лидери“

205
фото: ФК Работнички (Facebook)
Фудбалскиот тим на ФК Работнички по седум години повторно ќе игра во Европа, а европскиот пат одамна го трасираше Генералниот Секретар на клубот, Ненад Монев, кој во изминативе 10 години е значаен дел и ужива голема доверба во ЕКА (Европската Клупска Асоцијација).
Ненад Монев доби огромна привилегија и чест, да биде избран меѓу одбран круг на идни фудбалски лидери, кои директно под покровителство на ЕКА, нејзиниот претседател Насер Ал-Келаифи и Harvard Business School од Бостон, Америка, ќе бидат дел од „ECA Executive Leadership Programme“. Во претстојната една година, ќе се образуваат и надградуваат по најновите едукативни програми на престижниот универзитет во Бостон, Америка, но дел од програмата ќе биде реализирана и во еден од најголемите европски клубови, ПСЖ од Париз, Франција.
Воедно, Секретарот во младинската академија на ФК Работнички, Стефан Драган Павлов, исто така ќе биде дел од програмата на ЕКА (Club Talent Management Programme).
ПретходноНовак меѓу легендите: 100-та АТП титула за српскиот тенисер!
Следно„Лавиците“ од Ѓорче и официјално крунисани (ФОТО)