Претседателот Омерагиќ на Топ тема: Новиот начин на функционирање на ФФМ на многумина не им одговара

714

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ синоќа и покрај неможноста физички да биде во студио, гостуваше на емисијата Топ тема. Поради одложен лет на Аеродромот во Франкфурт, Омерагиќ телефонски се вклучи во емисијата, каде што гостуваа и членот на управниот одбор на ФФМ, Агим Ибраими, како и селекторот на У21 репрезентацијата на Македонија, Горан Станиќ.

Омерагиќ во свој стил, без „влакна на јазикот“ одговори на сите прашања поставени во оваа емисија, а се однесуваа на темите кои што се актуелни во мак фудбалот. Тука пред се се мисли на самата завршница на ПМФЛ шампионатот, откажувањето на Воска и Гостивар како и скандалозно одиграниот меч од ВМФЛ шампионатот, помеѓу Кожуф и Башкими. Воведувањето на ВАР системот, што (не) се случува со трибините во Штип, Охрид и Кичево, и многу друго.

Целата емисија погледнете ја во продолжение.

ПретходноМилевски го повика Стефан Деспотовски за мечевите со Белгија и Казахстан
СледноЧави се уште ја нема преболено Барселона