Бараж за ПМФЛ: Беса и Башкими во меѓусебен меч решаваат кој ќе игра следната сезона во елитата!

337

Денеска и официјално, со последниот бараж меч за пласман во ПМФЛ за следната сезона, ќе заврши оваа 2024/25 сезона во мак фудбалот. Во Кавадарци денеска во 17 часот е закажан баражот меѓу Беса и Башкими. Победникот од овој дуел ќе игра во нашата фудбалска елита, додека поразениот ќе настапува во ВМФЛ.

Беса во изминатата сезона заврши на 10.место во ПМФЛ, додека Башкими беше трет во ВМФЛ и со тоа се здоби со право на овој бараж меч.

Секако дека ова и за двете екипи ќе биде меч на годината. Имаат 90 минути пред нив во кој треба да се победи, и двете екипи имаат такви амбиции, тука нема дилеми.

Беса можеби е во предност, објективно има подобар тим, но сепак ова е бараж меч, ова се само 90 минути, ако нема победник ќе се изведуваат веднаш пенали, и се е можно. Не треба на Башкими да му се одземе надежта дека може да дојде до триумф.

Јасно е дека и денеска, како и вчера, во Кавадарци ќе биде жешко.

ФОТО: КФ Беса/ФБ

ПретходноФакт кој ЕХФ го заборави: Кирил Лазаров е пред ново големо достигнување
СледноЛазаров со апел до фановите: Да ја оставиме политиката на страна, да не подлегнуваме на провокации!