Вардар ќе заработи најмалку 325.000 евра од настапот во Европа!

3152

Кој си знае, си знае. Ете така се работи. Кога новото раководство дојде во ФК Вардар нашиот најтрофеен клуб беше во кома. Мораше претходно преку бараж да се спасува од нов срам, испаѓање од елитата.

И тогаш дојде моментот кога дојдоа новите лица во клубот и за само една година еве каде е сега Вардар.

Прво се стабилизира клубот, се најдоа спонзори. Потоа, секако со многу проблеми со претходните стратези, се најде тренер кој си знае работата, јасно е дека тоа е Гоце Седлоски и конечно тргна работата.

Во пролетниот дел Вардар одигра официјално 19 меча и беше поразен само на првиот, оној со Шкендија дома. Следуваше серија од 18 меча без пораз. На крај освоено 5.место и што е поважно, освоен е трофеј, освоен е пехарот во Купот на Македонија по цели 18 години.

И со ова раководство Вардар по 8 години пауза излегува во Европа. Сето ова ниту еден фан на Вардар минатото лето не можеше да го сонува.

Сепак, ете, тоа се случи. Не е сон, јаве е.

Само треба да се знае како.

И сега, откако сметката по речиси 7-8 е деблокирана, Вардар почнува и да заработува.

Имено само од настапот во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции ова лето клубот од Европа ќе заработи 325.000 евра.

Што и не е така мала сума.

Ако ја мине првата пречка тогаш Вардар со пласманот во следната рунда ќе ја пополни својата каса со 525.000 евра.

Е, па сега, што правиме?

Кој си знае, си знае!

Ама, нели, треба и да се одработи!

Значи Вардар ова лето од настапот во Европа ќе заработи најмалку 325.000 евра.

ПретходноАспас ја однесе Селта во Лига Европа!
СледноПреговорите траеле цела ноќ, Де Брујне потпишал договор на три години вреден 27 милиони евра