РК Алкалоид со важни информации пред вечерашното финале! (ФОТО)

3220

Вечерва од 20.30 часот во Арената “Борис Трајковски“, РК Алкалоид го дочекува АЕК во реванш меч од финалето во ЕХФ Европскиот Куп. Се спремно за овој историски меч и се надеваме историски триумф на нашиот европски претставник.

Од пред два дена билети за вечерва нема, тие се распродадени, избраниците на стратегот Кире Лазаров ќе ја имаат сета можна поддршка од трибините.

Па така во врска со фановите, раководството на РК Алкалоид сподели неколку важни информации:

РК Алкалоид ги информира посетителите на финалето против РК АЕК од Атина во Европскиот Куп на ЕХФ дека влезовите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 18:45 часот и ќе се затвораат во 20:00 часот!

Се молат сите посетители да дојдат во сала навремено, со цел да се избегне метеж при влезот, како и при стандардната проверка на билетите!

Се гледаме во сала! Заедно да го бодриме нашиот тим коректно и достоинствено, да уживаме во ракометниот празник и да навиваме за РК Алкалоид!

ПретходноГрчките гиганти со “одговор“: Шортс во Панатинаикос, Мициќ во Олимпијакос!
СледноАЕК оди на се или ништо: Ќе направиме сè за да го освоиме трофејот!