Симеоне тргнува по Грилиш и Антони!

435
ФОТО: Atlético de Madrid/FB

Без трофеј заврши сезоната за Атлетико Мадрид. Секако дека тоа не е катастрофа во конкуренција на Барселона и Реал Мадрид, но секако дека тоа не пријатно за сите во таборот на “јорганџиите“, а посебно за стратегот Диего Симеоне и фановите на третиот најголем клуб во Шпанија.

Токму затоа плановите за следната сезона се тимот осетно да се засили. Па така се споменуваат Џек Грилиш и Антони, кои биле на списокот со желби кај стратегот на клубот од Мадрид.

Грилиш од Манчестер Сити би можел да дојде и како позајмен играч, додека за Бразилецот кој одигра фантастична пролет во дресот на Бетис како позајмен играч на Манчестер Јунајтед, ќе се преговара со клубот од “Олд Трафорд“ за целосен откуп на договорот.

ФОТО: ФЦ Атлетико Мадрид/ФБ

ПретходноВерстапен не издржа, Норис слави на ГН на Монако
СледноБраќата Џеков уште четири години во дресот на Силекс