И дефинитивно У-21 селекција на Македонија е на крстопат. По лошите резултати под водство на Драган Канатларовски кој беше сменет, на чело на селекцијата дојде Горан Станич кој со Работнички и тоа како го искажа сиот свој квалитет како тренер. Раководството на ФФМ на чело со Масар Омерагиќ го назначи за предводник на младите и му ја даде сета можна поддршка.
Сега на ред е Станиќ со неговите избраници да ја оправда таа доверба. А дека се работи и тоа како на терените на Фудбалската федерација на Македонија, во пресрет на пријателските со Косово, тука нема дилеми.
Ова е новото лице на У-21 Македонија.
Само да потсетиме дека двата пријателски со Косово се закажани за 28 мај во Приштина и на 31 мај во Скопје на ФФМ.
“Момци, вака ќе играме“…како да сака да им каже селекторот на своите избраници.