Факт кој ЕХФ го заборави: Кирил Лазаров е пред ново големо достигнување

3877

Алкалоид брои часови до стартот на вториот финален натпревар против АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија има четири гола предност од првата средба и поддршка од фановите на патот кон пехарот.

ЕХФ пред второто финале излезе со факти за Алкалоид и АЕК, но заборави на еден, кој е исто така многу важен. Кири Лазаров може да стане првиот македонски тренер кој успеал со македонски тим да освои титула во едно европско клупско натпреварување.

Претходно Вардар 1961 ја освои Лигата на шампиони, но на клупата ги имаше Шпанците, Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо, додека ЖРК Кометал Ѓ.П до круната дојде со Русинот Александар Панов.

Лазаров има титула во Лигата на шампионите со Барселона, сега како тренер на еден млад тим е пред големо достигнување.

Алкалоид вечерва може да стане првиот македонски тим кој го освоил ЕХФ Европскиот Куп и само вториот тим од нашата земја кој тоа го сторил во Скопје. Претходно тоа го направи ЖРК Кометар Ѓ.П во 2002 година.

Мечот меѓу Алкалоид и АЕК е закажан со почеток во 20:30 часот.

ПретходноГолчиште на Лионел Меси од слободен удар (ВИДЕО)
СледноБараж за ПМФЛ: Беса и Башкими во меѓусебен меч решаваат кој ќе игра следната сезона во елитата!