Безеки победник на спектакуларната трка во Силверстон!

53

Попладнево се оддржа трката во Мото ГП во Силверстон. И беше повеќе од спектакл, само за уживање за фановите на мото-трките. На крајот победи Марко Безеки на Априља, втор заврши Хоан Зарко со Хонда а трет беше Марк Маркес на Дукати.

Инаку трката беше прекината по само еден завршен круг, па имаше рестарт.

Ова е прва победа на Безеки по цели 619 денови, а воедно е прва победа на Априља од април минатата година.

Трката на легендарната патека во Силверстон ја одбелажаа многуте претекнувања, како и Франческо Бањаја кој повторно не успеа да ја заврши трката.

ФОТО: МотоГП/Х

ПретходноЏонов: Знаеме каков предизвик е пред нас, сите сакаме да го кренеме пехарот!
СледноЏирона настапи без Миовски: Серлот со хет – трик во убедливата победа на Атлетико Мадрид