Љупче и Ѓорѓе Џеков ставија потпис на нови четиригодишни профисионални договори со ФК Силекс. Веста ја објавија денеска од составот од Кратово.
Браќата Џеков се членови на Силекс веќе една и пол година, а во тој период Љупче застана меѓу стативите на 34 натпревари во Прва МФЛ, додека Ѓорѓе на теренот беше на 27 натпревари.
И двајцата имаа одлична сезона и очекувано беше да ја продолжат соработката со кратовци.