Вардар со победа, ама со многу мака, среде Охрид!

1

Победа си е победа, па макар извојувана без да блескаш. Вардар успеа да победи среде Охрид во меч од 8.коло во плеј – офот во нашата ракометна Суперлига и со тоа да ја продолжи битката за титулата.

Вардарци победија, ама со многу мака, кај ГРК Охрид. Првиот дел, односно првото полувреме домашните го добија со 12:11, зошто беа подобри, поточно вардарци не одиграа според очекувањата.

Сепак во второто полувреме кога гостите видоа дека нема шега со Охрид, успеаја да се наметнат и на крај да слават со 21:25, и што е поважно успеаја да дојдат до големи и екстра значајни бодови.

ФОТО: ГРК Охрид/ФБ

ПретходноТолку од Беса Добри Дол, клубот го гаси првиот тим