Верстапен не издржа, Норис слави на ГН на Монако

382
фото: Fórmula Directa (X)

Ландо Норис ја забележа својата втора победа сезонава откако триумфираше на трката за Големата награда на Монако.

Британскиот возач имаше предност, а Шарл Леклер не беше во можност да му се приближи и да го загрози во борбата за нова победа во сезоната.

Норис заврши прв, Леклер втор, а Оскар Пјастре трет, додека Макс Верстапен се обиде да почека уште едно безбедносно возило и возеше со едно запирање на првото место до самиот крај, но не успеа, и на крајот, по втората задолжителна промена на гумите, заврши на четвртото место.

Ферари се обиде со поинаква стратегија да го загрози Норис. Леклер направи рано второ запирање и се обиде да го престигне Норис, меѓутоа, Британецот направи добро запирање и остана две секунди пред домашниот возач.

Во ТОП 10 се најдоа и Луис Хамилтон, Исак Хадар, Естебан Окон, Лиам Лосон, Алекс Албон и Карлос Саинц.

ПретходноКонте си оди од Наполи, шампионот преговара со Алегри?
СледноСимеоне тргнува по Грилиш и Антони!