Грчкото проклетство нека продолжи и во Скопје!

518

Пред почетокот на втората финална средба меѓу Алкалоид и АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, ЕХФ изнесе неколку факти во врска со двата тима.

Еден од нив е дека лани во финалето, Олимпијакос и исто како АЕК имаше четири гола негатива после првата средба против Валур. На реваншот на гостински терен, Олимпијакос не успеа да ја надокнади и остана без пехрот.

Грчкото проклетство нека продолжи и денеска во Скопје. Алкалоид има четири гола предност, откако во Атина славеше со 25-29.

*Историјата може да се повтори кога станува збор за грчкиот ракомет. Олимпијакос лани не успеа во финалето да надокнади четири гола разлика против Валур.

И традицијата е на страна на македонскиот тим: Од сезоната 2015/2016 година, освојувачот на ова натпреварување има победено на првиот меч – седум од осум пати. Единствен исклучок беше нерешниот резултат во првиот меч во сезоната 2018/19.

ПретходноМладинките на Вардар се нови шампионки на Македонија
СледноЕвролига Ф4: Олимпијакос подобар од ПАО за трето место