Дали се наѕира новиот тим? Тен Хаг е близу до враќање на терените

297

Холандскиот тренер Ерик тен Хаг е на еден чекор од постигнување договор со раководството на фудбалскиот клуб Баер Леверкузен за неговото назначување, објавија британските медиуми.

Тен Хег е невработен откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во октомври. Тој имаше бројни понуди за работа, но реши да направи пауза до летото.

Извор близок до холандскиот тренер изјави за Би-Би-Си претходно овој месец дека 55-годишниот Тен Хаг се подготвува да се врати на работа во јули и сака да разгледа соодветна понуда.

Тренерот на Баер, Чаби Алонсо, неодамна објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, и тој е водечки кандидат за нов тренер на Реал Мадрид.

Тен Хаг има искуство во германскиот фудбал, работејќи во вториот тим на Баерн Минхен од 2013 година.

Тој го водеше Манчестер Јунајтед две полни сезони и ги освои ФА Купот и Лига Купот, а во сезоната 2022/2023 го освои третото место во Премиер лигата.

ПретходноРеал Мадрид и официјално го потврди својот нов тренер! (ФОТО)
СледноСпанулис до Јасикевичиус: Малака, знаеш што е најлошо, ја немаме топката!