Нема дилеми дека организаторот на реванш дуелот од Европскиот куп, помеѓу Алкалоид и АЕК од Атина одлично си ја завршил работата. А како може истото да е поинаку, кога е во прашање РК Алкалоид и машинеријата која што стои зад него, и како што и функционира самиот клуб.
Десет грчки клубови сосе нивните навивачи не можат тоа да го нарушат. А тоа што вечерва во Скопје на АЕК и на неговите поддржувачи тоа беше главната цел, е сосема нешто друго.
Дека се беше во ред во салата Борис Трајковски вечерва, јасно стави до знаење о делегатот на натпреварот. Истиот во целиот тој хаос кој што настана можеше да констатира само дека мечот е перфектно организиран, што и го соопштил на двете страни.
Е сега, каква ќе биде одлуката на ЕХФ кој што своите одлуки ги носи во вторник ќе видиме. Никој не сака ниту да помисли дека некој може да се дрзне и да носи одлука која што нема да му оди во прилог на Алкалоид, а тоа би било одново играње на мечот со нов термин и неутрален терен. Нешто што еднаш веќе му успеа на АЕК во дуелот со Партизан, кога мечот го одигра во Бугарија на крај.