Евролига Ф4: Олимпијакос подобар од ПАО за трето место

25
foto: Turkish Airlines EuroLeague (X)

Кошаркарите на Олимпијакос го освоија третото место во Евролигата, откако во малото финале на Ф4 турнирот во Дубаи, денеска го победија големиот ривал Панатинаикос со 97:93.

„Црвено-белите“ слава во натпревар без посебно значење, откако беа поразени во полуфиналето.

Питерс со 32 поени беше најефикасен кај победниците. Одлична партија имаше и Везенков со 23 поени. Кај екипата на ПАО, Турчинот Јуртсевен постигна 23 поени, а Чеди Осман додаде 14.

Финалниот меч за европската титула се игра од 19 часот меѓу Монако и Фенербахче.

ПретходноГрчкото проклетство нека продолжи и во Скопје!
СледноМулти Есенс е нов шампион во младинска конкуренција