Европски ракомет во Скопје вечерва нема да има. Рерванш финалниот дуел од Европскиот куп повеѓу Алкалоид и АЕК од Атина нема да се одигра поради фактот што грците не излегоа на терен. Причина за тоа се наводните закани кои што ги имаат од страна на навивачите кои што пристигнаа во Скопје, но не им беше дозволено да влезат во салата Борис Трајковски поради прекубројност. Имаа 200 билети на располагање, а ги имаше повеќе. Испратени назад, се заканија кон играчите, а тие преку претседателот пораачаа не излегуваме на терен.
„Нема да играме затоа што не ни ги пуштија навивачите. Ќе чекаме одлука од ЕХФ. Не ни е жал што вечерва не се одигра мечот. Тие пристигнаа тука и не ги пуштија. Чекаме одлука и не си одиме дома“ – ни изјавија дел од играчите на АЕК за Спортспорт.
Сега, останува да се види што ќе се случува со одлуката на ЕХФ, но дефинитивно, ракомет денеска во Скопје нема да има.