А се требаше вечерва да биде перфектно. Полна сала, прекрасна атмосфера, предност од првиот меч, и нова европска титула во најава за македонскиот ракомет. Да, само најава зошто финалето од реванш дуелот помеѓу нашиот Алкалоид и АЕК од Атина не се одигра. Причината за тоа е непојавувањето на гостите на паркетот во салата, и одложување на мечот. Поради најглупавата, најисценираната, и наступидната причина. Незадоволството на навивачите на АЕК, кои во Скопје пристигнаа во прекумерна бројка, па нормално, според сите правила и прописи не им беше дозволено да влезат во сала.
„Благодарение“ на тоа, навивачите беа вратени за Атина, а тие со повик до играчите и раководството. „Ако играте ќе ве снема“. Автоматски го „снема“ и мечот. Грците во паника не излегоа, „не играме без навивачите“ и полната сала остана без вечерашниот спектакл.
Го заслужи ли ова херојскиот РК Алкалоид? Секако дека не. Го заслужи ли ова ракометниот МОЦАРТ, Кирил Лазаров? Уште помалку. Првиот голем успех како тренер да му биде оневозможен од класични битанги и нелуѓе кои што единствена цел им е да создадат хаос, и да наштетат на друг. Без да имаат полза. Тоа е најголемата трагедија.