Манев слави: Риека е нов шампион на Хрватска!

338
фото: NK Rijeka (Facebook)

Фудбалскиот клуб Риека испиша нова, златна страница во својата историја – освојувајќи ја титулата во хрватското првенство! Ова е втора шампионска титула во историјата на клубот, по историската титула од сезоната 2016/17, и е потврда за одличниот финиш на тековната сезона во која имаше жестока битка со Динамо (З) и Хајдук на патот до тронот.

Тимот на нашиот репрезенттаивец Јован Манев во последниот меч сезонава на домашен терен славеше со 2:0 против екипата на Славен Белупо и дојде до посакуваниот триумф. Головите за победа на Риека ги постигнаа Јанковиќ и Фрук, по еден во двете полувремиња.

Динамо (З) славеше со 1:0 против Вараждин, но тимот на нашите Адеми и Ристовски иако има идентичен скор со Риека со по 65 бода на првите две места, сепак останува втор поради полошиот меѓусебен скор.

И Хајдук славеше во последното коло против Шибеник на гости со 0:1, но сплиќани со два бода помалку се на третото место.

ПретходноСрцето на Башкими посилно од силата на Беса! (ВИДЕО)
СледноПЛ: Сити, Челзи и Њукасл одат во ЛШ, извисија Астон Вила и Нотингем Ф.