Минесота успеа да се издигне по двата порази и да дојде до убедлива победа против Оклахома од 143-101 на домашен терен за 2-1 во финалето на Западната конференција. Поразот од 42 поени е најтежок за Тандерс оваа сезона, додека пак домаќинот со 143 поени постави клупски рекорд.
Прв стрелец во редовите на победничкиот тим беше Ентони Едвардс со 30 поени, 9 скока и 6 асистенции, зад него беше Рендл со 24 поени. На другата страна МВП-то, Гилџус Александер имаше само 14 поени.
Дека ова ќе биде убедлив триумф, Минесота најави во првата четвртина која ја доби со 34-14.