Миовски е повреден, го нема ни во записникот на мечот со Атлетико Мадрид!

165

Се чини дека селекторот Благоја Милевски ќе си има проблем во пресрет на јунскиот квалификациски циклус за СП 2026. Имено Бојан Миовски, кој и онака немаше којзнае каква минутажа во последно време во својата Џирона бил повреден и затоа не е ни во записникот на средбата со Атлетико Мадрид од последното 38 коло која веќе започна.

Допрва ќе се детализира за сериозноста на повредата на нашиот најдобар напаѓач.

Секако дека ако не може да се смета на него на средбите со Белгија дома (6 јуни) и со Казахстан на гости (9 јуни), тоа ќе биде голем удар за нашата најдобра фудбалска репрезентацција.

ПретходноАЕК оди на се или ништо: Ќе направиме сè за да го освоиме трофејот!
СледноСлот: Ќе останам во Ливерпул долго време