Младите кошаркарки на Вардар се освојувачки на победничкиот пехар наменет за најдобрата во М18 лигата во женска младинска конкуренција.
Во финалниот меч денеска, Вардар славеше против МЗТ Скопје со 64:47.
Начевска со дабл-дабл ефект од 16 поени и 18 скока ги предводеше „црвено-црните“, Џангаровска ја следеше со 14 реализации, Николиќ заврши со 10..
Алексова финишираше со 14 поени за МЗТ Скопје.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Бадел 1862 – MЗТ Скопје 49:63
Вардар – Крива Паланка 80:44
Натпревар за трето место
Бадел 1862 – Крива Паланка 80:61
Финале
МЗТ Скопје – Вардар 47:64