Срамно. Вечерва нема да се игра ракомет, нема да се одигра вечерва во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Ова е официјална одлука и тоа дали ќе се игра во нов термин, или пак вечерва ќе му се даде пехарот на Алкалоид.
За тоа треба уште малку да почекаме.
Според последните информации, најверојатно во вторник ЕХФ ќе одлучи што и како соп овој меч. Дали ќе биде прогласен Алкалоид за победник, дали пак ќе има нов термин, дали….
Секако дека се очекува соопштение од ЕХФ.