Прва провокација: Ракометарите на АЕК нема да излезат на терен додека не дојдат навивачите

3177

Она што се очекуваше и се случи на непочнат меч. Ракометарите на АЕК не излегоа за време на претставувањете на двата тима. Според наши информации нема да истрчаат на терен се додека во сала не влезат нивните фанови кои се околу 200.

Вториот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп и официјално ќе доцни.

АЕК е познат по вакви сценарија, против Партизан напушти терен иако имаше услови за играње на мечот. Истиот беше одложен и се играше на неутрален терен, на крајот победи грчкиот тим.

Токму затоа од раководството на клубот пред дуелот со грчкиот тим ги замолија навивачите да не подлегнуваат на провокации, бидејќи единствено оружје за да успеат да направат проблем и да се ја повлечат екипата како во овој момент.

ЕХФ не треба да ги толерира овие ниски удари, туку треба да ги казни.

ПретходноВардар со победа, ама со многу мака, среде Охрид!
СледноПретседателот на АЕК не им дозволува на ракометарите да излезат на терен, судиите се повлекоа!