Претседателот на АЕК не им дозволува на ракометарите да излезат на терен, судиите се повлекоа!

2075

Нешто што требаше да биде спектакл и вечер за историја на македонскиот ракомет и РК Алкалоид се претвори во класична „мелодрама“ приредена од гостите од Грција. Реванш финалниот дуел кој што требаше што требаше да стартува од 20:30 часот во салата Борис Трајковски нема да започне затоа што тимот на АЕК не сакаа да излезат на терен. Причина? Претседателот на клубот забрани такво нешто, затоа што навивачите на грчкиот клуб не влегоа во салата, односно се вратени назад во Грција. Причината за тоа е непозната, но секако дека имало причина што македонската полиција се решила на таков потег. Конкретно, проблематични се два автобуси повеќе од дозволеното од страна на домаќинот. На грчките навивачи им беа дозволени и доделени 200 билети, а тие пристигнале во Скопје повеќе.

Па така, откако тие пристигнаа во Скопје, и не им беше дозволено да влезат во салата Борис Трајковски, се вратени назад. Раководството на АЕК, односно претседателот на клубот, им забранил на играчите да излезат на терен, иако според неофицијалните информации, тие инсистирале да го одиграат мечот, дури и на записничката маса прашувале кои се евентуалните санкции за неодигрувањето на мечот. Со солзи во очите грчките играчи не им се веруваше дека ова се случува.

Сега, според правилата на ЕХФ судиите се повлекоа од теренот и ќе почекаат петнаесет минути. Доколку АЕК и натаму не излезе на терен следува службена победа за Алкалоид.

ПретходноПрва провокација: Ракометарите на АЕК нема да излезат на терен додека не дојдат навивачите
СледноОфицијално: Вечерва нема да се игра реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп!