РК Алкалоид: Очекуваме пехарот да биде наш, ама да почекаме до вторник или среда…

1275

По се она што се случи вечерва во Арената “Борис Трајковски“, кога АЕК не излезе на терен, а ЕХФ одлучи да го одложи овој меч, односно вечерва да не се игра реваншот од финалето во Европскиот Куп, своја изјава даде и официјалниот претставник на Алкалоид, Зоран Цветановски:

Имавме сигнали дека ова може да се случи по сите настани што се случуваа во текот на денот. Сепак без оглед на тоа се надевавме дека нема да има никаков проблем. Проблемот настана околу влезниците. Познати се тие правила од 10 насто од капацитетот на секоја сала, за гостинските билети. Во овој случај тоа би значело 650 билети за гостите. Ние и МВР донесовме одлука по некои оперативни анализи, дека тоа не возможно и бројот на гостинские билети беше ограничен на 200. Тука настана најголемиот проблем. Дел од навивачите на АЕК допатуваа во Скопје, дел не, и тука настана проблемот, затоа што тие што доппатуваа не можеа да бидат во тој број што беше посакуван и му дадоа ултиматум на менаџментот на АЕК дека ако се појават на терен без навивачи дека ќе сносат последици. Само поради тоа управата на АЕК не им дозволи на играчите да се појават на терен. Инаку уште пред некој ден АЕК знаеше дека тој контигент на билети е само 200.“ посочи Цветановски.

За тоа што понатаму тој истакна:

Ние како клуб нема да си дозволиме да коментираме во детали или толкуваме критериумите, правилата и сите тие свои правила на игра што ги има ЕХФ. Вака на прва, логично е дека би требало да биде 10:0 за нас, но јас би повикал и јавноста и сите инволвирани да почекаме до вторник, среда кога ќе биде официјално. Значи можно е се да се случи. Очекуваме дека Алкалоид ќе го добие трофејот, односно овој меч ќе биде регистриран со службени 10:0, сепак би почекале. Не исклучувам дека можно е да се понуди некаквба варијанта што после би биола тема на разгледување“ заврши претставникот на Алкалоид.

ПретходноДелегатот на финалниот меч Алкалоид – АЕК: Мечот е перфектно организиран
СледноКога дунстери ќе му ја расипат забавата на ракометниот МОЦАРТ