Серафимов: Нема да биде лесно, но нашата цел е пехарот!

280

Мартин Серафимов е најдобриот стрелец на Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот репрезентативец до денешното второ финале против АЕК има постигнато 68 гола, девет го делат да стане прв стрелец во ова натпреварување поточно да се изедначи со Нерис Ческо од Извиѓач.

Сепак за Серафимов и сите останати момци најважно е да го освојат пехарот, индивидуалните признанија не значат ништо ако тимот не ја оствари целта. Иако четири гола изгледаат многу, сепак тој е свесен дека нема биде лесно.

„Иако имаме четири гола предност од првиот меч не очекувам да биде лесно против АЕК. Но ќе биде од голема помош во исполнување на нашата цел, а тоа е победа и на оваа средба. Ќе имаме голема поддршка од македонската јавност, ќе уживаат во добар натпревар, на кој верувам дека на крајот ќе се радуваме ние и ќе го освоиме трофејот“.

Дуелот меѓу Алкалоид и АЕК е закажан со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, билети за оваа средба нема, истите одамна се распродадени.

ПретходноУжас за Нестор и Славен Белупо ноќеска во Ријека! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид и официјално го потврди својот нов тренер! (ФОТО)