Денеска тимот на Беса Добри Дол го загуби баражот за опстанок во ПМФЛ конкуренцијата против тимот на Башкими во Кавадарци со конечни 2:0. Автоматски требаше да се пресели во ВМФЛ шампионатот, но тоа нема да се случи. Причината за тоа е откажувањето на клубот од оваа конкуренција, само неполн час откако практично и стана дел од ВМФЛ шампионатот.
Менаџментот на клубот, одлучи Беса повеќе да не постои како сениорски тим, туку да функционира единствено младинската школа. Очигледно дека богатиот газда од Швајцарија, кој што вложуваше во Беса сиот овој период, се до појавувањето на клубот во прволигашката конкуреција, реши дека е доволно и комплетно се повлекува.
Имавме ваков случај со Ренова
Сличен но не и ист случај нашиот фудбал имаше со некогашниот шампион тимот на Ренова, кој што пред почетокот на шампионатот одлучи дека нема повеќе да се натпреварува во ПМФЛ и дека се повлекува. Случајот со Беса е малку поинаков, затоа што клубот од Добри Дол пракично денеска испадна но во секој случај нашиот фудбал и во двата примери остана без стабилни фудбалски колективи со добри финансии.