Ферарито со кое Михаел Шумахер победи на ГН на Монако во 2001 година, е продадено за 16 милиони евра на аукција во Монте Карло.
Легендарниот Германец со истиот болид победи и на ГН на Унгарија кога ја освои четвртата од седумте шампионски титули во Формула 1.
Овој болид е продаден на аукција во Монте Карло пред да започнат квалификациите и е четврти најскап болид во Ф1 кој е продаден во историјата.
Инаку ова најскап болид на Шумахер, претходно тоа беше оној од 2002 година за кој беше издвоено 11,6 милиони евра.
Од друга страна најскап продаден болид во историјата на Ф1 е оној на Мерцедес во кој се тркаа Стерлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо и беше продаден за 50 милиони евра.