Ф4: Титулата за Фенер, Монако на колена! (ФОТО)

55

Кошаркарите на Фенербахче дојдоа до нова титиула во Евролигата, откако денеска во Абу Даби славеа во финалето на Ф4 против Монако со 81:70. Четата на Шарунас Јасикевичиус успеа да слави над тимот кој и тоа како покажа сила во ова финале, но сепак гигантот од Истанбул знаеше како да го одигра овој најважен меч во сезоната.

Инаку ова е втора титула за Фенербахче во Евролигата во клупската историја.

Монако подобро го отвори мечот и успеа да ја добие првата четвртина со 20:18, сепак момците на Јасикевичиус и тоа како вратија во вториот период па на пауза се замина со предност за Фенер од +2 поени.May be an image of 5 people, people playing basketball, people playing football and text that says '0 Euroleogue FINAL FINALFOUR FOUR UDHABI2025 DHAB TURKISH Μννάκηη CHAMPIONS 2025 TURKISH AIRLINES EUROLEAGUE FINAL FOUR ABu DHABI FENERBAHCE BEKO ISTANBUL TURKISH AIRLINES EuroLeague'

Во продолжението од средбата видовме рамноправна борба, а таа трета четвртина Фенер ја доби со минимални 19:18.

Сепак во последниот период, кога беше најпотребно, турскиот тим одигра како вистински шампион и успеа на крајот да победи со 81:70 и да го подигне пехарот апсолутно заслужено.

Хејс кај победничкиот состав беше најефикасен со 23 поени, додека кај поразениот тим тоа беше Диало со 19.

ФОТО: Евролига/ФБ

ПретходноСтруга потврди: Илчо повеќе не е тренер на Трим Лум
СледноТака прават ГОЛЕМИТЕ: РК Алкалоид им се заблагодари на фановите за вечерашната поддршка!(ФОТО)