Јуве обезбеди пласман во Лигата на Шампионите

96

Екипата на Јувентус по меч со многу возбудувања успеа вечерва да обезбеди пласман во Лигата на Шампионите следната сезона. Со триумф на гостински терен против Венеција од 2:3. Домашните преку Фила поведоа по само 120 секунди, но до полувреме Јилдиз и Коло Муани направи пресврт.

Хапс погодува за 2:2, а Локатели го даде победничкиот гол за Јуве. Па така, Старата дама ги обезбеди потребните бодови за пласман во Лигата на Шампионите, па залудна беше победата на Рома против Торино од 2:0. Лацио пак сам себе се елиминираше со шокантниот пораз на домашен терен од Лече со 0:1.

Од друга страна пак, Лече се спаси со оваа победа, додека пак тоа не го сторија Емполи, Венеција и од поодамна испадната Монца

 

 

ПретходноЕХФ со чудно соопштение: Мечот е одложен поради непостоечки безбедносни причини
СледноНа Ролан Гарос специјална церемонија за Рафа, тука беа и Новак, Роџер и Мареј! (ВИДЕО)