Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула!

353
Фото: https://ipon.mk/

Најдобриот македонски спортист за 2024 година, Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула на ВАКО Про до 88,6 килограми во К1.

Илиоски синоќа со прекин во втората рунда го совлада Кадри Мурсели од Франција на настанот во Женева, Швајцарија. Успехот е голем особено ако се земе во предвид дека тој одлучил да настапи и покрај тоа што имал повреда.

Нашиот млад кик-боксер на овој начин продолжи со одличните резултати, минатата година во Скопје го совлада Берк Дузенли од Турција со 2-1.

ПретходноАЕК го чека „пекол“ во Скопје, хероите на Алкалоид на 60 минути до големиот пехар!
СледноГолчиште на Лионел Меси од слободен удар (ВИДЕО)