Така прават ГОЛЕМИТЕ: РК Алкалоид им се заблагодари на фановите за вечерашната поддршка!(ФОТО)

2589

Ете, така прават големите клубови како Алкалоид. Тие не се како АЕК па да бегаат од мегдан, да прават разни проблеми само да не играат зошто знаат дека вечерва во “Борис Трајковски“ ќе беа прегазени од момците на стратегот Кирил Лазаров.

Предмалку раководство на Алкалоид, за нас победникот во ЕХФ Европскиот Куп излезе со соопштение:

Почитувана публико,

ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва. Беше убаво да се видат полни трибини, како во еден глас навиваат за нашиот клуб и даваат поддршка. За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК АЕК од Атина не се одигра поради тоа што противничкиот тим не сакаше да излезе на терен и да го одигра реваншот.

Нашиот клуб е во константна комуникација со ЕХФ за понатамошниот исход од дуелот и за него ќе бидете известени преку нашите официјални клупски гласила. Уште еднаш, големо БЛАГОДАРИМЕ за сите што дојдовте во сала и му ја дадовте Вашата поддршка на РК Алкалоид!

Со почит,

Ракометен клуб Алкалоид

ПретходноФ4: Титулата за Фенер, Монако на колена! (ФОТО)
СледноЕХФ со чудно соопштение: Мечот е одложен поради непостоечки безбедносни причини