Џонов: Знаеме каков предизвик е пред нас, сите сакаме да го кренеме пехарот!

398

Алкалоид ситно брои до мечот за историја. Македонскиот тим вечерва (20:30 часот) го игра реванш финалниот натпревар во ЕХФ Европскиот Куп против АЕК. Пред домашните навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, Кирил Лазаров и неговите момци ќе влезат со четири гола позитива. Иако вака на хартија изгледаат многу, сепак сите се претпазливи. Свесни се дека без максимална битка не може да се стигне до пехарот во ова натпреварување.

Клучно за момците на Алкалоид е да бидат свои, да го негуваат својот стил на игра и на крилата на фановите и фер поддршката да дојдат до победа за историја.

ПретходноАЕК со порака до своите фанови: Ако немате билет не доаѓајте пред сала, не е безбедно! (ФОТО)
СледноБезеки победник на спектакуларната трка во Силверстон!