Кој рече дека ќе нема алкохол: С. Арабија поради СП менува закон стар 73 години!

250

И после некој ќе каже дека фудбалот не е најважната работа во животот, не најважната споредна, туку најважната воопшто. Секоја чест за останатите спортови, но само фудбалот е најбитен, и само фудбалот ја имаа таа моќ да ги менува работите во светот.

Еве уште еден пример за тоа. Имено властите на една Саудиска Арабија најавија дека ќе направи преседан и ќе менува закон стар 73 години.

Познато е дека СП 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а по тој повод, да им се излезе во пресрет на милионите фанови,сепак во таа земја ќе имаа алкохол, односно ќе смее да се купува и консумира алкохол.

Ова значи дека од следната година па натаму ќе се дозволи консумација на алкохолни пијалоци и тоа по првпат од 1952 година. Сепак нема да има секаде, одредени се 600 зони во цела земја каде што ќе може да се консумира алкохол.

Сепак и тоа е нешто.

ПретходноЛевандовски и Олмо за триумф на Барса во Билбао
СледноГолем пресврт во финалето на Истокот: Нујорк се врати од минус 20 (ВИДЕО)