Се чини дека толку беше од престојот на Кристијано Роналдо во Ал Наср. Имено тој вечерва веднаш по завршување на сезоната во таа земја, на своите социјлни мрежи објави:
“Ова поглавје е завршено. Приказната? Сеуште се пишува. Благодарен сум за се“…
Секако дека ова значи дека еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, човекот кој во С. Арабија, поточно во Ал Наср заработуваше по 200 милиони евра по сезона, има намера и тоа како некаде на друго место да ја продолжи “приказната“, односно кариерата.
И претходно се шпекулираше дека тој во последно време не е задоволен од ситуацијата во клубот а се знае дека и фановите на Ал Наср не бе задоволни од тоа дека со него нивниот тим речиси ништо значајно не направи.
ФОТО: ФЦ Ал-Наср/ФБ
This chapter is over.
The story? Still being written.
Grateful to all. pic.twitter.com/Vuvl5siEB3— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 26, 2025