Њујорк ја намали разликата во однос на Индијана Пејсерс на 2-1 во финалната серија на Источната конференција на НБА, откако на гости славеа со106:100 и тоа после голем пресврт. На крајот од втората четвртина, Пејсерс имаа водство од 20 поени, но Никсите ја преполовија до крајот на третата четвртина, а потоа го свртеа натпреварот во своја корист во последната четвртина.
Фото: Њујорк Х
Карл-Ентони Таунс со 24 поени и 15 скока беше прв стрелец кај победникот, додека Џејлен Брансон постигна 23 поени. За Пејсерс, Тајрис Халибартон беше најдобар со 20 поени, седум асистенции и четири скока. Мајлс Тарнер постигна 19 поени, а Паскал Сиакам 17 поени.
Следниот натпревар во Индијанаполис е закажан за вторник навечер.