Манев за Спортспорт: Да се освои титула е ФАНТАСТИЧНО

366
Нашиот Јован Манев пристина зимоска во тимот. Откако заврши неговата приказна во турска Адана, Манев се одлучи за Ријека, и очигледно не погреши.
„Па како може да се чувстувам. Фантастично. Да се доживеат овие моменти е непроценливо, единствено чувство. Целиот град е зад нас, навивачите, сите слават. Го заслуживме ова“ – вели Јован Манев за Спортспорт па додава.
„Овој тим има храброст, и не краси заедничкиот дух. Сите сме заедно и кога е добро и кога не ни оди баш како што треба. И токму затоа сум пресреќен што завршивме први, затоа што овој тим, овој колектив, овој клуб кој функионира како фамилија го заслужи тоа. Овде сум само четири месеци, а се чувствувам како да сум тука со години. Тоа е исклучиво заслуга на моите соиграчи, стручниот штаб, луѓето во клубот, градот… ФАНТАСТИЧНО…. – вели македонскиот репрезентативец Јован Манев.
ПретходноМакедонија А жени: Александар Андов го објави списокот со повикани фудбалери за дуелот со Летонија
СледноНови Пазар во делириум, пред 50.000 луѓе на прославата ќе пее Теа Таировиќ