Мукаетов: Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ!

3618

Главниот „виновник“ за проектот РК Алкалоид за подобро утре на македонскиот ракометар, Живко Мукаетов, денеска се огласи на својот „Инстаграм“ профил.  Генералниот директор на Алкалоид АД Скопје им се зблагодари на сите фанови кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат тимот во вториот финален натпревар против АЕК во рамките на ЕХФ Купот, кој не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.

Мукаетов порача дека мечот бил организиран перфектно, според сите барања од надлежните авторитети, па токму затоа се надева дека одлуката на ЕХФ ќе биде донесена според важечките спортиски правилни.

„Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.
Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.
Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, стои на Инстаграм профилот на Мукаетов. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zhivko Mukaetov (@zhivkomukaetov)

ПретходноВо Атина се прогласија за победници, но и се откажаа од европскиот трофеј?
СледноСреќен и добитен април со ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА на играчите им исплати еден милион евра