Фото-пародија на соопштението на ЕХФ дека мечот не се одигра поради безбедносни причини!

7316

Соопштението на Европската ракометна федерација после одлуката на АЕК да не излезе на терен на вториот финален натпреавр во рамките на ЕХФ Европскиот Куп се чини е најшокантното нешто што досега го имаме прочитано од врвот на европската „куќа на ракометот“.

За една висока и сериозна институција три реченици, од кои едната крајно несериозна се недозволиви. ЕХФ кратко информираше дека мечот во Скопје не се одиграл поради БЕЗБЕДНОСНИ причини.

Иако имаа свои претставници, официјални лица за овој дуел, сепак се одлучија да одберат збор кој нема никаква поврзаност со случувањата во СЦ „Борис Трајковски“. Никој од тимот на АЕК не се најде во животно загрозувачка ситуација, напротив додека ракометарите на грчкиот тим можеа слободно да се движат покрај теренот, па дел од нив дури и направија фотографии со фановите. Македонските навивачи во ниту еден момент не беа ниту насилни, ниту некултурни. За тоа говори и фотографијата која ја направивме на нашата насловна страница.

*Напомена: Две од трите слики се превземени од Фејсбук, се со цел да ја прикажеме атмосферата во Скопје и ЕХФ да види дека БЕЗБЕДНОСТА беше на високо ниво.  

ПретходноАлкалоид со известување до фановите околу рефундирање на средствата за билетите!
СледноФФМ со честитка до клубовите по повод завршената сезона во МФЛ