Европскиот клупски ракомет доби друга димензија. Благодарение на АЕК видовме дека со правилата и пропозициите на ЕХФ може да си игра секој. Ако европската ракометна федерација не го суспендира грчкиот тим и не му ја додели победата службено на Алкалоид, ќе се потврди нашата теза.
Тоа што АЕК го направи вчера за европскиот ракомет значи пораз, но во Атина се протолкува поинаку: таму е прогласена победа, но истовремено и се доби признание дека европскиот трофеј треба да оди во рацете на ракометарите на Алкалоид.
И секако ова доаѓа од страна на ултрасите на грчкиот тим. Тие ги охрабрија ракометарите (како да имаа друг избор, знаеја што ги чека дома ако излезат на теренот) за потегот.
„Ракометарите се откажаа од нешто толку важно како европски трофеј, за да ги поддржат навивачите на АЕК. За нас, вие веќе сте победници. Вечерва беше напишан голем момент во историјата на нашиот клуб“, се вели во дел од соопштението.
Ракометарите на АЕК не излегоа на теренот на наредба на нивниот претседател како протест за нивните фанови кои не влегоа во салата пред мечот, а дел останаа на граница.