Џенаро Гатузо си заминува од Сплит, и тоа значи дека Хајдук ќе има нов тренер. Сезоната во Хрватска само што заврши, а веднаш во Сплит почнаа со промените. Како нов шеф на стручен штаб ќе биде поставен шпанецот Гонзало Гарсиа.
Тој досега го водеше тимот на Истра, со кого обави добра работа, и се пласираше на шестата позиција на табелата.
Нас секако не интересира и ситуацијата во Хајдук затоа што таму го имаме Александар Трајковски кој постигна неколку важни голови за тимот сезонава.