Им се чудиме на Грците ама има и бетер: На денот на финалето, ГРК Тиквеш со провокативна најава за дуелот со Алкалоид!

8090
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Најбизарниот момент го оставивме за денеска. Како секој нормален новинар и човек сметавме дека вчерашниот ден требаше да биде посветен само за реванш финалето меѓу Алкалоид и АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп бидејќи Кирил Лазаров и неговите момци беа на чекор до историска титула.

Но, за жал имаше и такви кои не размислуваа исто како нас и како многу голем дел од Македонците. Замислете ГРК Тиквеш вчера за време на најважниот меч не само за Алкалоид, туки и за македонскиот ракомет со провокативна реторика го најави дуелот со актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

Им се чудиме на Грците ама бетер сме од нив.

За жал, за кавадарчани на прво место беше преку преписки и скриени пораки да ги повикаат своите фанови, како на пример секој момент од минатото е гориво..се прашуваме дали овој начин е достоен да се најави еден меч против МАКЕДОНСКИ тим кој истиот ден игра меч за ЕВРОПСКА ТИТУЛА? Дали беше вистинскиот момент да се повика на омраза меѓу фановите? Дали навистина ГРК Тиквеш си дозволи да падне толку ниско и баш на денот на финалето во Скопје да ја сподели оваа објава.

ГРК Тиквеш во последниот пасус на своето обраќање има и дел каде се вели за иднината на македонскиот ракомет. Искрено, овој клуб, со ова соопштение го прави спротивното, покажа дека ама баш им е гајле за иднината на македонскиот ракомет.

Новото раководство на РФМ мора малку да подразмисли и да превземе мерки, бидејќи за вакви скриени говори на омраза во спортот нема место кога станува збор за официјален профил на еден Супер-лигашки клуб.

 

ПретходноПелистер „мерка“ пивот на Бенфика?
СледноКаков хаос во Серија А: Јуве и Наполи без тренери, нема никој да ја води „Старата дама“ во Америка!