Куманово повторно има прволигаш: Солзи радосници кај фановите на Башкими!

788

Башкими по долго, долго време се врати во елитата. Вчера во бараж мечот против Беса тимот од Куманово одигра фантастичен меч и успеа да го победи со 2:0 составот од Добри Дол кој важеше за голем фаворит.

На едната од трибините на Градскиот стадион во Кавадарци беа околу 2.000 фанови од Куманово кои просто како да не веруваа дека ете, ницниот тим се врати меѓу најдобрите.

Кај дел од нив радоста и еуфоријата беше толку голема што потекоа и солзи.

Само фудбалот може да донесе таква страст, само фудбалот…

Инаку синоќа беше весело на плоштадот во Куманово, имаше илјадници жители на овој град кои го славеа пласманот во ПМФЛ, се сврте и оро.

ФОТО: КФ Башкими/ФБ

ПретходноЛиверпул е црвен, а во Лондон две паради! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноОва се чисти емоции: Солзите на Модриќ во клупскиот автобус! (ВИДЕО)