МЗТ и ТФТ со втора епизода од финалната серија

99

Вечерва во салата Јане Сандански во Скопје, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ ќе го одиграат вториот дуел од овогодинешната финална серија од плеј офот во домашниот шампионат.

Овој меч за МЗТ Скопје Аеродром би требало да биде потврда на доминацијата, додека пак за ТФТ дуел за рекуперција од она што се случи во првиот меч. А се случи висока победа на МЗТ Скопје Аеродром со 67-49, во меч во кој овој тим тотално доминираше.

Од друга страна ТФТ ни остана должен за секој елемент од кошаркарската игра, затоа што тимот од Карпош на тој меч не одигра ништо. Што значи дека вечерва може само да е подобро.

Дуелот стартува од 19:30 часот.

 

ПретходноЧаби Алонсо и официјално е нов тренер на Реал Мадрид
СледноТалески повторно во дресот на Вардар (ВИДЕО)