Не е само Талески: Вардар го продолжи договорот со Хориха, со Борозан имаат збор!

2110

Вардар 1961 го гради тимот за следната сезона. Покрај кам-бекот на Филип Талески, од таборот на „црвено-црните“ порачаа дека се договорени за продолжување на соработката со Дмитро Хориха, а на добар пат истото е да го сторат со Вуко Борозан.

„ Нашите напори да имаме уште посилен тим се исплатеа бидејќи донесовме квалитетни играчи, и ги задржавме оние со кои успеавме да се договориме за продолжување на соработката. Можам да потврдам дека на бековската позиција ќе бидеме навистина силни, со доаѓањето на Талески, но и со задржувањето на Дмитро Хориха и Вуко Борозан. Украинскиот бек го продолжи договорот, а со Борозан сме речиси договорени, и остануваат детали пред официјално да го потврдиме, вели Андрија Нунев, директорот на Вардар.

„Јака Малуш се приклучува кај плејмејкерските, со отворено прашање за дополнитена опција на оваа позиција. На десната позиција сега го имаме Марек Марчинијак, и Урош Митровиќ како засилувања,. Наскоро ќе ги споделиме сите детали за тимот со кој ќе настапуваме следната сезона. Сите официјално потврдени засилувања ќе ги објавиме на нашите официјални канали за комуникација“, додаде Нунев.

ПретходноРФМ: Очекуваме од ЕХФ праведна одлука, максимално го поддржуваме Алкалоид!
СледноОдредена цената на билетите за Купот на Македонија!