Новак откри кога ќе оди во пензија!

819

Во пресрет на својот настап на Ролан Гарос, денеска прес конференција имаше Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња. Тој како прво се изјасни за тоа дека му било чест што вчера беше дел од свечената церемонија која организаторот на овој Гренслем, му ја организираше на неговиот голем ривал кој неодамна се пензионира.

Говореше и за други работи, а најинтересно беше тоа што Новак откри кога тој ќе оди во пензија:

Сега, тенисот повеќе не ми е толкав приоритет како порано, бидејќи сакам да бидам татко и сопруг, сакам да го живеам животот и да надоместам за она што го жртвував претходно. Не сум тип на човек кој може да игра тенис само заради тоа што го игра, но морам да чувствувам дека сум на тоа ниво, дека сум меѓу најдобрите и дека можам да го освојам Гренд слемот. Кога тоа не е случај, тоа е крајот. Си го ветив тоа“ посочи српскиот тенисер.

ФОТО: Тенис Женева/ФБ

ПретходноСоиграчите и фановите на Динамо со респект се збогуваат од Ристовски кој ќе си бара друг клуб!
СледноТерзиевска:„Ни се дава шанса, треба да ја искористиме“!