Ова се чисти емоции: Солзите на Модриќ во клупскиот автобус! (ВИДЕО)

807

Во саботата Лука Модриќ, легендата на Реал Мадрид го одигра својот последен меч на „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на “кралевите“. Соте 85.000 гледачи на култниот стадион му приредија достојно збогум на Хрватот. Јасно е, имаше и солзи.

Сепак тоа не е ништо во споредба на она што му се случуваше на Лука во клупскиот автобус патувајќи кон стадионот пред мечот.

Искочи нова снимка од тоа како се чувствуваше Модриќ, тие солзи се чиста емоција.

Лукас Васкез беше до него, во неколку наврати се обидуваше да го утеши, но бадијала.

ФОТО: Реал Мадрид/ФЦ

ПретходноКуманово повторно има прволигаш: Солзи радосници кај фановите на Башкими!
СледноФОТО ВЕСТ: “Фемили“ со порака до ТФТ – Не ви даваме шанса…